„СТРАВОТ ЛОЗЈЕТО ГО ЧУВА„
„СТРАВОТ ЛОЗЈЕТО ГО ЧУВА„

Тимот на „ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА„
Тимот на „ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА„

Суд за човекови права - Семинар
Суд за човекови права - Семинар

„СТРАВОТ ЛОЗЈЕТО ГО ЧУВА„
„СТРАВОТ ЛОЗЈЕТО ГО ЧУВА„

1/37
граѓанска превенција 2013 - 2016
јави се за „превенција„ веднаш
МЦКР е поддржан од​
вИДЕА
ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА - ПОДПРОЕКТИ

     Граѓанска ПРЕВЕНЦИЈА е долгорочен проект на Македонскиот Центар за Култура и Развој кој ги обединува сите граѓани кои чувствуваат одговорност за превенција на себе си, своето семејство, својот имот, своето духовно наследство, својата земја, природата и вкупниот живот на земјата. „Подобро да се спречи отколку да се лечи„ е нашиот слоган кој е позајмен од колективната мудрост на нашиот народ а кој на прецизен начин упатува на правилното размислување однапред, за успехот и квалитетниот живот што следи потоа.

Проектот „Граѓанска ПРЕВЕНЦИЈА„ е надпартиски, наднационален, надрелигиски, во неговата суштина е ГРИЖАТА ЗА ЧОВЕКОТ, СЕКОГАШ И НА СЕКОЕ МЕСТО, развивање на ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА КОЛЕКТИВНОТО ДОБРО и СИЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ПОДОБРО УТРЕ.

     Во рамките на проектот предвидено е отворање на 11 регионални канцеларии и Градот Скопје во тесна соработка со ЗЕЛС и сите општини во РМ.

За да имаме ЗДРАВА НАЦИЈА неопходно е ЧУВСТВОТО ЗА ПРЕВЕНЦИЈА да се всади во граѓаните уште од нивната најрана возраст. Во оваа смисла, во рамктие на проектот „Граѓанска ПРЕВЕНЦИЈА„ перманентно ќе бидат организирани предавања, тренинзи, курсеви, семинари и презентации поврзани со методите и пристапите за масовна граѓанска превенција.

     МЦКР како поддршка на проектот „Граѓанска ПРЕВЕНЦИЈА„ ги инагурира двете маскоти ПРЕВЕНТКО и ПРЕВЕНТКА кои ќе бидат „Граѓански офицери за превенција„, облечени во соодветна униформа, со „ранец за превенција„  во кој ќе бидат содржани основни средства за превенција како што се АПАРАТ ЗА КРВЕН ПРИТИСОК, ПРВА ПОМОШ СО ЗАВОИ, ГАЗИ, ТОПЛОМЕР и апчиња кои се општодостапни како например андол, кафетин и слично, потоа Вода, боца со кислород, презервативи  и други превентивни средства.  Превентко и Превентка постојано ќе бидат присутни на плоштадите, пред факултетите, на пазарите, подготвени секогму да помогнат, секогаш и секаде.

  1. Под-проект„Развивање на мрежата за граѓанска превенција низ земјата„;

    1. Кадровско заокружување;

    2. Поврзување со локалната заедница;

    3. Развивање на локална и национална аналитика;

  2. Под-проект; „Превентко и Превентка на услуга на граѓаните„ – Граѓанска превенција при јавни настани – перманентна служба 

  3. Под-проект: „Детска академија за превенција„;

  4. Под-проект „Превенција од насилства во средните училишта во Град Скопје„;

  5. Под-проект „Национална СТРАТЕГИЈА за превенција при земјотреси и пожари„;

  6. Под-проект „Превенција за време на ИЗБОРИ„ – постојан проект за посматрање на изборите и превенција од насилства за време на кампањи и избори;

  7. Под-проект „Превенција и едукација од злоупотреба на социјалните мрежи и компјутерскиот криминал„;

  8. Под-Проект „Превенција и едукација во сообраќајот„

  9. Под-проект „АБЕР – Центар за јавување и информирање на граѓанската превенција„;

  10. Под-проект „Национална Конференција за Граѓанска Превенција„    

  11. Под-проект „Подобро да се спречи-отколклку да се лечи„ едукативна телевизиска серија  и кампања за превенција.

  12. Под-проект „Студија за превенцијата во Република Македонија од 1945 до 2015 година„ пракса и искуства – научна студија;

ПРЕВЕНЦИЈА
ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИ
МИРНИ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2016



     МЦКР како носител на долгорочната програма ПРЕВЕНЦИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ИЗБОРИ„ поддржан од програмата CIVICA MOBILITAS и МЦМС го спроведува овој проект во соработка со Државната изборна комисија, Министерството за внатрешни работи ко и во соработка со сите регистрирани политички партии во Република Македонија.

      По закажувањето на парламентарните избори за 11 Декември, МЦКР во следните три месеци, Септември, Октомври и Ноемри ќе спроведе серија на средби и активности насочени кон избори без насилство и национализам. Во рамките на овој проект ќе биде организирано и потпишување на Меморандум за превенција за време на избори  а од наши акредитирани посматрачи ќе биде набљудуван и изборниот ден, по што ќе следи оценка и завршен извештај. 

Донирајте 100 денари за „ПРЕВЕНЦИЈА„ завртете го бројот 
133-133 на било кој мобилен оператор, и поддржете не !
Следете не на Facebook
  • Facebook Social Icon