top of page
М-р Нелко Нелковски
Претседател на МЦКР и Раководител на проектот „ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА„

Роден е на 25 Август 1970 година во Ресен.

 

Основно училиште и средно економско-правно образование завршува во Скопје.

 

По завршувањето на средното образование се запишува на Националната Академија за Театар и Филм „Крсто Сарафов„ во Софија Репубика Бугарија каде што студира Театарска и Филмска режија. Факултетот го завршива во август 1994 година.

 

Во 1995 година учествува како Асистент Режисер на македонскиот игран филм „Преку Езерото„ во режија на Антонио Митриќески и во продукција на Вардар-Филм – Скопје.

 

Во учебната 99/2000 година се запишува на Факултетот за драмски уметности, на постдипломски студии по Театрологија. Ги одбраа сите достапни предмети – три задложителни и шест изборни и истите ги положува со успех. Во 2011 година го одбранува со успех магистерскиот труд  „Чехов на сцените во Македонија 1945-2010„ и се стекнува со звање Магистар по театролошки науки.

 

Во 1991 година го формира Театарот „Боеми„ каде што до денес има продуцирано и  изрежирано 20 театарски претстави.

 

Во 1993 година го иницирав формирањето и до денес  е  Претседател на Театарска Младина на Македонија – една од водечките театарски организации во земјата, членка и македонски центар на меѓународните организации за аматерски театар, едукација преку драма, театарски критичари, театар за деца и млади, театар при универзитети, слободини театарски иницијативи и друго.

 

Раководел со три театарски кампањи на национално ниво;

Основач е и  главен и одговорен уредник на Списанието „ТЕАТАР„ и порталот www.worldplay.biz  каде што се поставени сите информации поврзани со меѓународната продукција. 

 

Претседател е на Македонскиот Центар за Култура и Развој – културолошка организација од земјата која се занимава со проекти поврзани со развојот на македонската култура и нејзино претставување во светот.

 

Во 1999 година престојува на студиски престој во Њујорк – САД.

Раководител е на пректот СКОПЈЕ-МЕТРОПОЛА – нова културна политка за градот и општините, автор на Стратегијата за развој на културата во Град Скопје за периодот 2010-2020 година и Претседател на Здружението на граѓани и Фондацијата Скопје-Метропола.

     

Претседател е на  Советот на Република Македонија за социјалната димензија на спортот без насилство, национализам и расизам.

 

Раководител е на регионалните проекти Балканфудбал – балканска фудбалска лига и БалканФаре.

 

Имаа учествувано на повеќе од 100 меѓународни конгреси, конференции, фестивали и настани поврзани со театарот, филмот, културата, спортот, евроинтеграциите и меѓународната културна соработка, во земјата и светот.

 

Како резултат на  политичкиот ангажман ги вршел функциите; Заменик градоначалник на Општина „Ѓорче Петров„ Советник во општината „Ѓорче Петров„ Советник во Советот на Град Скопје и Претседател на комисијата за култура на Град Скопје, а во моментот ги  врши функциите; Претседател на Надзорниот Одбор на Јавното Претпријатие „Службен Весник на Република Македонија„ и на Комисијата за Лиценцирање на Клубовите за натпревари во УЕФА, во рамките на Фудбалската Федерација на Македонија.

 

Од ноември 2006 година е вработен како Режисер и Секретар за меѓународна соработка во Македонскиот Народен Театар – МНТ.

 

Основач е на манифестацијата WORLD THEATRE.

 

Како Претседател на Театарска Младина на Македонија  претставник е во меѓународните театарски организации AITA/IATA, IDEA, IATU, IATC, ASSITEJ а како Претставник на Македонскиот Центар за Култура и Развој е член на ФАРЕ – мрежата – Фудбал Протви Расизмот во Европа.

 

Во тек е работа врз докторската дисертација „ТЕАТАРСКИ ФУДБАЛ – метод за взаемен третман на двата катарзични феномени „театар„ и „фудбал„ која ја изработува на Институтот за социолошки и политички правни истражувања  во Скопје на катедрата за Комуникологија.

 

Од 2012 година пишува есеи и интервјуа за електронското списание CRITICAL STAGES на IATC – Меѓународната Асоцијација на Театарски Критичари.

 

Во 2012 година учествува на Европското Фудбалско Првенство во Полска и Украина како мониотор против расизам на мрежата FARE.

 

Во 2013 година, во рамките на Македонскиот Центар за Култура и Развој ги покренува и раководи двете долгорочни програми „ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА„ и „ЗДРАВ СПОРТ ЗА ЗДРАВО ОПШТЕСТВО„ кои опфаќаат фкупно 25 под-проекти.

 

Објавувува научни трудови,  поезија, драми, есеи и други текстови поврзани со културното  и општественото живеење во земјата и светот;

 

Автор е на музичкиот албум „САРОШ„ издаден во 1999 година. Интезивно се занимава со компонирање и издавање на музика и има редовни сценски настапи. 

 

Оженет е, има ќерка и син и живее  во Скопје. 

 

ЗА НАС

bottom of page