top of page
1. Промоција на проектот

По четиримесечна интезивна работа, анализи и детално планирање, на 17 Април 2013 година беше промовирана долгорочната програма на МЦКР „ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА„ како и „Превентко и Превентка„ - граѓанските офицери за превенција. Промоцијата се одржа во Гратската кафана Пелистер и на гратскиот плоштад во Скопје. 

2. Потпишување договор со МВР

МЦКР и МВР во Декември 2013 година потпишаа договор за долгорочна соработка во рамките на програмата „ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА„ која опфаќа вкупно 12 под-проекти. Договорот го потпишаа Претседателот на МЦКР М-р Нелко Нелковски и Министерската за внатрешни работи М-р Гордана Јанкуловска

3. Работна средба со Министерот Неџат Мустафа

По упатениот допис до Владата на Република Македонија бевме примени од Министерот без ресор Неџат Мустафа, на која беше презентирана програмата „ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА„ и беа разгледани можностите за соработка со Владата. 

4. Работна средба во Министерството за образование

Делегација на МЦКР оствари соработка и беше примена од стручните соработници во Министерството за образование, за сегментите основно и средно образование, на која беа разгледани можностите за соработка во процесот на афирмација на превенцијата во образованието. 

5. Потпишување договор со ДИК

По тримесечни разговори и серија на средби, МЦКР и ДИК потшаа Договор за долгорочна соработка за афирмирање на „превенцијата„ во процесот на спроведување на изборите преку реализирање на заеднички активности во рамките на проектот на МЦКР „Превенција за време на избори„

АКТИВНОСТИ

Потпишани договори

1. МЦКР - Министерство за      

                   внатрешни работи


2. МЦКР - Државна изборна

                   комисија

 

3. МЦКР - Агенција за млади и

                   спорт       

                    

4. МЦКР - Републички совет за

                    безбедност на 

                    сообраќајот на 

                    патиштата


5. МЦКРИ - Македонски

                      олимписки комитет

6. МЦКР - Фудбалска федерација 

                    на Македонија

Процесот на потпишување на договори и институционално поврзување на МЦКР и проектот ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА  со сите релевантни институции и субјекти во земјата интезивно продолжува. 

bottom of page